За нас

ВработувањеИсторијаПолитика за квалитет

Печатницата „Европа 92“ со инсталираната опрема и капацитети, е една од водечките фирми во Кочани и државата. Според технологијата и воведените стандарди се вбројува во самиот врв на печатарството во државата и поширокиот регион.

 

1990

„Европа 92“ е основана во 1990 година, а нејзини идејни творци се тројца стручњаци со богато искуство во печатарството. Печатницата на пазарот се појави и почна да се пробива со машина за Рото печатење на компјутерски формулари - Goeble (Гебел).

 

1993

Во 1993 година прави значаен развоен исчекор со преселбата во новоизградената хала во Нова индустрија - Кочани. Тука машинскиот парк се збогатува со две табачни-двобојни офсет машини Heidelberg (Хајделберг).

 

1996

Во 1996 година Европа 92 со конкурентски пазарни принципи го разби монополот на НИП „Нова Македонија“ и започна со печатење на дневни и периодични весници. За таа цел отвори Рото печатница во Скопје.

 

1999

Во 1999 година е купена петтобојната Heidelberg Speedmaster (Хајделберг Спидмастер) печатарска офсет машина.

 

2002

И 2002 година е значаен меѓник во развојниот процес. Изграден и предаден во употреба е нов производствен простор, односно објект, со 4.500 м2 корисна површина. Истата година е набавена Nebiolo Target II (Небиоло Tаргет II), хит сет рото машина.

 

2004

Стратегијата речиси секоја година да се набавува барем една машина со помодерни технолошки перформанси продолжи и во 2004 година, кога беше инсталирана KBA Rapida 105 (КВА Рапида 105), за фул колорно табачно печатењена големи формати.

 

2006

По само две години беше инсталирана Komori Spica (Комори Спика)-печатарска машина за фул колорно табачно печатење на Б2 формат.

 

2008

Во 2008 година е инсталиран Komori System 20 (Комори Систем 20), печатарска машина за фул колорно хитсет печатење.
Паралелно со инвестициите во нова технологија, „Европа 92“ работи на максимална автоматизација на производството, стандардизација и рационализација. Во годините на динамичен развој печати над 30 наслови на дневни весници, периодични изданија и други информативни содржини.
Можеби податок за историјата е почетокот на печатењето на првиот приватен дневен весник во плуралистичка Македонија, кога на 21. Март 1996 година излезе од печат Дневник.
 
Печатницата „Европа 92“ продолжува со инвестициската стратегија. Во постапка е набавка на неколку современи машини од врвни брендови во печатарската индустрија, нова производствена хала и магацински простор...