Нова машина KOMORI Lithrone
Имајќи ја во предвид моменталната ситуација на глобалниот пазар за печатење, Печатница Европа 92 во декември 2020 год. инвестираше во листовна (табачна) печатарска машина KOMORI Lithrone LS829 4C и истата е идеална за освојување нови пазари и за соочување со новите предизвици во графичката индустрија.
• Печати со брзина до 15.000 двострани отпечатоци (4/4) на час.
• Печати хартии со различна граматура (80-350гр/м2) до формат B2 (736x510mm).
• Печати осум бои истовремено со едно поминување (перфектор) со што го дуплира капацитетот за печат, а двојно го намалува времето за печатење.
• Има можност да печати специјални бои, можност за директно лакирање со заштитен лак и има инфрацрвен сушач, што овозможува директно сушење на бојата на отпечатениот лист (табак).
• Потполно автоматски спектрофотометар за континуирано следење и контрола на печатењето.
• Машината е потполно автоматизирана (автоматско менување плочи, автоматско перење).