Фотоволтаични централи
Печатница Европа 92 над кровните конструкции од работните хали има инсталирано 4 фотоволтаични ел. централи со моќност од 332 kW (0,332 MW).
За месец ноември, имаме производство на 23.930 kWh електрична енергија, тоа е приближно на потрошувачката на 49 просечни четиричлени домаќинства (Според Државниот завод за статистика, просечната потрошувачка на четиричлено семејство за еден месец изнесува 488 kWh).
Ако се земе во предвид дека за 1 kWh произведена ел. енергија во Македонија, просечно се ослободува емисија од 0,7 kg CO₂, тогаш за месец ноември Европа 92 со своето производство на ел. енергија „спречува“ емисија на 17 тони CO₂ во воздухот.
