Skip to content

Со 30 години искуство, квалитет и традиција зад себе, денес печатница ЕВРОПА 92 е една од најголемите и најуспешните печатници во Република Македонија.

Почнувајќи од линијата за печатење на компјутерски формулари во 1990-та година, следејќи ги современите трендови во печатарската индустрија, компанијата денес располага со повеќе од 8500 метри квадратни производствено – административен простор, над 120 вработени и високо квалификуван менаџерски тим. Сместена во индустриската зона на градот на оризот Кочани, во срцето на Балканот, нашата печатница е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната за успехот лежи во високото ниво на иновативност, флексибилност и прецизност во нашето производство, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти.