Skip to content

Печатница ЕВРОПА 92 едно решение за сите ваши барања за печатење

Независно дали барате офсет печатење, дигитално печатење или имате потреба од постери со голем формат, ЕВРОПА 92 секогаш има решение за сите Ваши барања. Од едноставни визит-карти до ексклузивни каталози за достојно презентирање на Вашиот бренд.

Со 30 години искуство, квалитет и традиција зад себе, денес печатница ЕВРОПА 92 е една од најголемите и најуспешните печатници во Република Македонија.

Почнувајќи од линијата за печатење на компјутерски формулари во 1990-та година, следејќи ги современите трендови во печатарската индустрија, компанијата денес располага со повеќе од 8500 метри квадратни производствено – административен простор, над 120 вработени и високо квалификуван менаџерски тим. Сместена во индустриската зона на градот на оризот Кочани, во срцето на Балканот, нашата печатница е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната за успехот лежи во високото ниво на иновативност, флексибилност и прецизност во нашето производство, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти.

Креативни услуги Нашиот дизајнерски тим е секогаш подготвен Вашите идеи да ги преточи во производ достоен за промоција на Вашиот бизнис.

ISO сертификати Доказ за квалитетот во работењето на печатницата EВРОПА 92 се и добиените ИСО сертификати. Кога зборуваме за квалитет, не мислиме само на изработка на квалитетен производ, туку на квалитет на услугата во целост. Односот со коминтентите и добавувачите, грижа за безбедноста и здравјето на вработените, заштита на информациите, грижа за околината, следење и почитување на законската регулатива...

ISO9001
FSC
ISO14001
iso45001
ISO20001
iso27001
Побарај Понуда
Request an offer
Kërkoni një ofertë
Ζητήστε προσφορά
pobarajponuda