Skip to content

За Европа 92

Печатницата ЕВРОПА 92 е печатарско-графички бренд кој успешно се носи со европската конкуренција, благодарение на визионерските потези и инвестиции и следејки ги во чекор современите текови во графичката индустрија. Така се создаваше респектибилен производствено-административен простор од 8500м2 и растеше бројот на вработени до 120 висококвалификувани и обучени работници.

Во ЕВРОПА 92 работникот е на прво место, а грижата за него е постојана. Таквата определба ја потврдуваме со организирање стручна обука на нововработените лица, кои се оспособуват и се стекнуват со напредни квалификации за современите барања на графичката и печатарската индустрија, бидејќи само така се гарантира одржливост на долгорочен план.

Во овој се повеќе дигитален свет, професионалниот начин на комуникација со нашите потенцијални и редовни клиенти и стручните совети, безрезервно и на најквалитетен можен начин се настојува да се помогне во реализација на нарачаниот производ.

Како резултат на сето ова, ЕВРОПА 92 има континуиран раст на производството, како финансиски така и материјално. Порастот е континуиран во последните пет години и е со стапка на раст од над 20%.

Голем дел од производството е за домашниот пазар, но значаен дел е наменет и за извоз. Во последните години направен е пробив во земјите на Европската Унија меѓу кои Германија, Грција и Бугарија, како и постојан извоз во земјите од соседството.

Гаранција за успешно извршената работа се нашите производствени капацитети со најсовремена графичка опрема, тим од врвно обучен кадар и примена на ISO стандардите. Сите вработени се залагаат за постојано унапредување на интегрираниот систем за управување со квалитетот, услугата и заштитата на животната средина во согласност со стандардите ISO9001, ISO2000-1 и ISO14001, како и заштита и безбедност на вработените по ISO45001 и заштита на информациите со кои располага печатницата по стандардите ISO27001 и користење на сертифицирани FSC материјали.

Запознајте го тимот Тимот на Европа 92 е тука за да ви помогне со сите ваши потреби за печатење. Ние нудиме комплетен пакет на услуги за печатење, доработка и достава на вашите материјали.

Генерален Менаџер +389 (0) 33 279 344 vlatko.dimitrovski@evropa92.com.mk

ВЛАТКО ДИМИТРОВСКИ

Генерален Менаџер

Асистент Менаџер +389 (0) 33 279 342 +389 (0) 70 354 702 komercija@evropa92.com.mk b.mitevski@evropa92.com.mk

БЛАГОЈЧО МИТЕВСКИ

Асистент Менаџер

Комерцијален сектор +389 (0)33 279 341 +389 (0)76 348 061 komercija@evropa92.com.mk v.mitevski@evropa92.com.mk

ВАНГЕЛЧО МИТЕВСКИ

Комерцијален сектор

Сектор комерција +389 (0)2 2461 820 +389 (0)76 348 023 k.velickova@evropa92.com.mk

КАТЕРИНА ВЕЛИЧКОВА

Сектор комерција

Комерцијален сектор +389 (0) 33 279 341 +389 (0) 76 348 015 komercija@evropa92.com.mk

ПАВЛИНКА ПАНОВА

Комерцијален сектор

Комерцијален сектор +389 (0) 33 279 341 +389 (0) 78 348 067 komercija@evropa92.com.mk

НИКОЛА ЛЕВКОВ

Комерцијален сектор

Контролор за квалитет +389 (0) 33 279 341 +389 (0)76 348 083 verica.ivanova@evropa92.com.mk

ВЕРИЦА ИВАНОВА

Контролор за квалитет

Директор на финансии +389 (0) 33 279 338 +389 (0) 76 348 100 finansii@evropa92.com.mk

ДОБРИВОЈЧО ДИМИТРОВСКИ

Директор на финансии

Сектор за финансии +389 (0) 33 279 334 +389 (0) 76 348 007 finevropa92@t.mk m.angelovska@evropa92.com.mk

МАРИЈА АНГЕЛОВСКА

Сектор за финансии

Сектор за финансии +389 (0) 33 279 335 +389 (0) 76 348 003 s.ivanova@evropa92.com.mk

СУЗАНА ИВАНОВА

Сектор за финансии

Сектор за финансии +389 (0) 33 279 337 +389 (0)76 348 017 i.jordanova@evropa92.com.mk

ИВАНА ЈОРДАНОВА

Сектор за финансии

Сектор за финансии +389 (0) 33 279 340 +389 (0)76 348 019 m.jovanova@evropa92.com.mk

МАРИНА ЈОВАНОВА

Сектор за финансии

Раководител на одделение за подготовка и монтажа +389 (0) 33 279 331 +389 (0)76 348 104 podgotovka@evropa92.com.mk

ВЕСНА ДИМИТРОВА

Раководител на одделение за подготовка и монтажа

Дизајн и компјутерска подготовка +389 (0)33 279 331 +389 (0) 76 348 090 podgotovka@evropa92.com.mk

ГОРАН СТОИМИЛОВ

Дизајн и компјутерска подготовка

Дизајн и компјутерска подготовка +389 (0)33 279 331 +389 (0)76 348 039 podgotovka@evropa92.com.mk

СПИРО ЈАНЕВ

Дизајн и компјутерска подготовка

Дизајн и компјутерска подготовка +389 (0) 33 279 331 +389 (0) 76 348 034 podgotovka@evropa92.com.mk

САШО ЗАШОВ

Дизајн и компјутерска подготовка

Дизајн и компјутерска подготовка +389 (0) 33 279 331 +389 (0) 76 348 038 podgotovka@evropa92.com.mk

БОРО РУНЧЕВ

Дизајн и компјутерска подготовка

Дизајн и компјутерска подготовка +389 (0) 33 279 331 +389 (0)76 348 014 podgotovka@evropa92.com.mk

НЕСТОР КРИСТО

Дизајн и компјутерска подготовка

Дизајн и компјутерска подготовка +389 (0) 33 279 331 +389 (0)76 348 013 podgotovka@evropa92.com.mk

АЛЕКСАНДРА НАНКОВА

Дизајн и компјутерска подготовка

Mашинско одржување Раководител на производство +389 (0) 33 279 354 +389 (0)76 348 102 servis@evropa92.com.mk

БЛАГОЈЧО ГОЦЕВСКИ

Mашинско одржување
Раководител на производство

Електро одржување +389 (0) 33 279 354 +389 (0) 76 348 105 servis@evropa92.com.mk

СИМОНЧО СТОЈАНОВ

Електро одржување

Електро одржување +389 (0) 33 279 354 +389 (0) 76 348 044 servis@evropa92.com.mk inline@t.mk

ВАНЧО ПОПГОРГИЕВ

Електро одржување

Со 30 години искуство, квалитет и традиција зад себе, денес печатница ЕВРОПА 92 е една од најголемите и најуспешните печатници во Република Македонија.

Почнувајќи од линијата за печатење на компјутерски формулари во 1990-та година, следејќи ги современите трендови во печатарската индустрија, компанијата денес располага со повеќе од 8500 метри квадратни производствено – административен простор, над 120 вработени и високо квалификуван менаџерски тим. Сместена во индустриската зона на градот на оризот Кочани, во срцето на Балканот, нашата печатница е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната за успехот лежи во високото ниво на иновативност, флексибилност и прецизност во нашето производство, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти.

Историја

Печатницата „Европа 92“ со инсталираната опрема и капацитети, е една од водечките фирми во Кочани и државата. Според технологијата и воведените стандарди се вбројува во самиот врв на печатарството во државата и поширокиот регион.

  • 1990

    Основана

    „Европа 92“ е основана во 1990 година, а нејзини идејни творци се тројца стручњаци со богато искуство во печатарството. Печатницата на пазарот се појави и почна да се пробива со машина за Рото печатење на компјутерски формулари – Goeble (Гебел).

  • 1993

    Новоизградена хала

    Во 1993 година прави значаен развоен исчекор со преселбата во новоизградената хала во Нова индустрија – Кочани. Тука машинскиот парк се збогатува со две табачни-двобојни офсет машини Heidelberg (Хајделберг).

  • 1996

    Рото печатница во Скопје

    Во 1996 година Европа 92 со конкурентски пазарни принципи го разби монополот на НИП „Нова Македонија“ и започна со печатење на дневни и периодични весници. За таа цел отвори Рото печатница во Скопје.

     
  • 2002

    Нов производствен простор

    И 2002 година е значаен меѓник во развојниот процес. Изграден и предаден во употреба е нов производствен простор, односно објект, со 4.500 м2 корисна површина. Истата година е набавена Nebiolo Target II (Небиоло Tаргет II), хит сет рото машина.

  • 2008

    Инсталиран Komori System 20

    Во 2008 година е инсталиран Komori System 20 (Комори Систем 20), печатарска машина за фул колорно хитсет печатење.

    Паралелно со инвестициите во нова технологија, „Европа 92“ работи на максимална автоматизација на производството, стандардизација и рационализација. Во годините на динамичен развој печати над 30 наслови на дневни весници, периодични изданија и други информативни содржини.

  • 2016

    Полуавтоматската линија за парцијален UV лак Scien-JC

    Во 2016 год. со пуштање во функција на полуавтоматската линија за парцијален UV лак Scien-JC, се одговори на барањето на повеќе клиенти за полуксузен изглед на нивните изданија.

  • 2018

    Линија за топло лепење WOHLENBERG Vario S30

    Со инсталирање на линијата за топло лепење WOHLENBERG Vario S30 со поголем број на станици, значително се намали времето за изработка на топло лепени производи.

  • 2019

    Нова хала и електрична централа со моќност од 182kW

    Пуштена е во употреба нова хала од 850 m2 како магацински простор и на истата е инсталирана фото електрична централа со моќност од 182kW. Со оваа четврта по ред фото електрична централа вкупната моќност на електричната енергија произведена од еколошки обновливи извори се искачи на 332kW  што е доволен показател за општествената одговорност на компанијата во заштита на животната средина.

  • 2020

    Инсталирани нови офсетни печатарски машини MAN Roland и KOMORI Lithrone

    Инсталирана е нова офсетна печатарска машина MAN Roland 700 со 8 бои и Б1 формат на печатење.

    Во истата година од пуштањето на MAN ROLAND 700, инсталирана и пуштена е уште една печатарската машина KOMORI LITHRONE S829P. Машината е со 8 бои во Б2 формат со можност за двострано печатење со едно минување на табакот (4/4 перфектор) и можност за UV лакирање.

  • 2021

    Инвестициска година

    2021 беше инвестициска година за печатница ЕВРОПА 92. На почетокот на годината пуштен е еко-солвентен принтер MIMAKI CJV150-160 за печатење на постери со големи формати. Со оваа инвестиција, ЕВРОПА 92 навлезе во нов сфера во дигиталното печатење.

    Истата година набавен  е и нож за хартија WOHLENBERG Type 115

    Поради зголемениот обем на работа, инвестирано е во нова фалц машина до B1 формат MBO K70.

    Следејќи ги најсовремените трендови во делот на дигиталното печатење, постарите модели на RICOH Pro C901, сe заменети со последната генерација на најсовремени RICOH продукциски машинаи и тоа RICOH Pro C9200 модел со 115 страници во минута и RICOH Pro C7200x со можност за печатење на дополнителна пета боја (златна, сребрена, бела) и можност за парцијално лакирање. Како и црно белиот модел со 110 страни во минута RICOH Pro 8110s.

  • 2023

    Продолжуваме со инвестирање

    На почетокот на 2023 делот за дигитално печатење на постери со голем формат е надграден со уште еден InkJet принтер CANON TX-4100.

    Европа 92 како општествено одговорна компанија, продолжува со инвестирање во обновливи извори на енергија. Оваа година пуштена е уште една фото електрична централа со моќност од 39,7kW.

Политики за квалитет и безбедност

Клиенти

ISO сертификати Доказ за квалитетот во работењето на печатницата EВРОПА 92 се и добиените ИСО сертификати. Кога зборуваме за квалитет, не мислиме само на изработка на квалитетен производ, туку на квалитет на услугата во целост. Односот со коминтентите и добавувачите, грижа за безбедноста и здравјето на вработените, заштита на информациите, грижа за околината, следење и почитување на законската регулатива...

ISO9001
FSC
ISO14001
iso45001
ISO20001
iso27001
Побарај Понуда
Request an offer
Kërkoni një ofertë
Ζητήστε προσφορά
pobarajponuda